Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски во следната сезона ќе игра за турски Галатасарај, тврдат медиумите од Турција.

Левиот бек на Лидс уште во февуари оваа година ги договорил сите услови но по негово барање официјализирањето на соработката ќе биде направено по завршувањето на оваа сезона.

Алиоски не сакал да биде јавно објавено ова од страв дека навивачите на Лидс нема лесно да ја прифатат оваа информација.

Алиоски подолго време преговараше и со Лидс за нов договор, но на крајот решил да ја прифати понудата од Галатасарај.