Езџан Алиоски смета дека сите се горди од залагањето на мечот со Австрија, пред нас е дуелот со Украина, кој е да се биде или не, како финале за двете селекции на ЕУРО.

„Сите сме горди како одигравме против Австрија, резултатот не беше во наша полза, се рекупериравме брзо, немаше многу време но подготвени сме за Украина, ќе ги анализираме, знаеме што треба да поправиме од првата средба, за нас дуелот со Украина е како финале на ЕУРО, специјален е мечот за двете екипи, и ние и тие немаат бодови. Ние треба да ја играме нашата игра, против Австрија одигравме одлични 75 минути, жалам за поразот, треба да веруваме во нас дека имаме квалитетите да победиме против Украина, да ја контролираме играта, да влеземе храбро “ – изјави Алиоски на прес конференцијата.

Средбата се игра во четврток од 15 часот на „Националната Арена“ во Букурешт.