Сезоната во Чемпионшип дивизијата ќе продолжи на 2о јуни со дуелот на Бренфорд и на Фулам. Еден ден подоцна на програмата е пресметката на Лидс и Кардиф.

Позитивните на Ковид-19 во втората по ранг лига во Англија ќе бидат ставени во втор план откако последните резултати покажале дека нема ризик по играчите и фудбалерите а ситуацијата е под контрола.

Алиоски со Лидс предводен од Биелса интензивно се подготвува за најавениот рестарт по кој очекуваат да стават крај на постот долг 16 години без учество во Премиер лигата.

До крајот на сезоната во Чемпионшип дивизијата останаа уште девет кола пред очекуваниот плеј-оф закажан за Август.