Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски е пред заминување од Лидс откако не успеа да се договори со клубот од Премиер лигата за продолжување на соработката.

Иако се уште има доволно време за Алиоски да потпише нов договор со екупата на Биелса, како слободен играч од јуни е атрактивен за повеќе тимови, најголем интерес пројавија неколку од Турција.

Според последните информации Трабзонспор веќе ја доставил првата понуда до Алиоски за негов ангажман, конкуренција има во Галатасарај.

Алиоски оваа сезона е стандарден во првиот тим на Биелса и еден од омилените играчи во соблекувалната но и меѓу навивачите.