Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски извесно е дека ќе го напушти Лидс ова лето. Ова е заклучокот на островските медиуми, откако левиот бек ја одбил и најновата понуда од раководството на премиерлигашот.

Преговорите меѓу Лидс и неговиот агент траат повеќе од шест месеци, но засега нема конечно решение.

Според последната најава, Алиоски сака да замине за Турција од каде има понуди под повеќе клубови, Галатасарај е фаворит за неговиот потпис.

Неофицијално Алиоски е разочаран од должината на договорот и од висината на платата, односно од најавеното но не исполнето ветување за зголемување од 25%.