Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски ќе го напушти Лидс во летниот преоден рок откако преговорите за нов договор со премиерлигашот биле прекинати.

Според последните информации од Англија, Алиоски веќе им најавил на неговите агенти да му бараат нов клуб.

Левиот офанзивен бек има одлична сезона, но Биелска очигледно сака да донесе нов дефанзивец во јуни, па Алиоски ќе може да си замине.

Алиоски се поврзуваше со ангаќман во Турција и во Германија, па наскоро ќе биде познато кои клубови ќе достав понуди до левиот бек.