Македонија загуби од Австрија со 3-1, дебито не беше успешно на ЕУРО за нашиот национален тим, но секако останува впечатокот дека не разочаравме.

Алиоски смета дека треба константност од 90.минути за добар резултат, и да не паѓаме во финишот на натпреварите кога се крши резултатот.

„Не знам што да кажам. Знаевме дека Австрија е добра и има квалитетни индивидуалци. Ни дадоа гол кој пресуди. Направивме две грешки, при првиот можевме подобро да реагираме. Добро игравме, но грешките пресудија. По овој резултат сите ќе сметаат дека не сме спремни за ЕП, но ние 70 минути игравме многу добар фудбал. Мора да играме до крај добро, па така да направиме добар резултат.Нема време за размислување. Ни треба рекуперација пред Украина. Имаме шанса за успех, ништо не е загубено. Има уште два натпревари и на крајот ќе видиме до каде сме“, вели Алиоски.