Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, иако не беше дел од првиот тренинг на нашата селекција во Полска поради ситна повреда, за Дриблинг изјави дека последните одлични резултати влеваат голема самодоверба во репрезентативците.

Според него Полска е фаворит, но смета дека тие можат да им направат проблем на домаќините.

Македонија во мечот со Полска влегува по серија од две победи, а првиот меч помеѓу овие две репрезентации заврши со минимална победа на Полска од 0-1 на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје.