Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски по ремито меѓу Лидс и Јунајтед посочи дека е задоволен од целокупниот ангажман на неговите соиграчи и освоениот бод против фаворитот.

Алиоски одговори и на прашањето дали мисли дека Лидс требаше да добие пенал по играњето со рака од Лук Шо во 20 минута.

„Нашиот тим е многу моќен, но и тие како тим се многу јаки. Не знам дали беше пенал, не видов, далеку бев но да беше за Јунајтед, затоа што Лидс е мал тим а тие се голем и ќе добиеа пенал. Тоа не е фер. Но тоа е фудбалот, имавме и ние добри шанси играгме добар фудбал. Манчестер Јунајтед немаше многу шанси за да даде гол, сем од корнер, од прекин по фаул..“ – вели Алиоски.