Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски го објасни начинот на кој го прослави голот за Лидс во победата над Фулам од 3:0 во Чемпионшип дивизијата во Англија.

„Игравме дома и ни недостигаат навивачите на трибините, да не кренат, сега моравме да најдеме мотивација и успеавме во тоа. Убаво е да се видат сите тие слики и кога ќе дадете гол сакате да го прославите заедно со фановите. Можеби тие тоа го видоа на ТВ, јас и во иднина ќе си замислувам дека тие се на стадионот и секогаш ќе прославуваме како тие да се тука со нас.“ – изјави Алиоски.

Лидс е на добар пат да се врати во Премиер лигата, но популарниот Џани тврди дека сеуште е рано за славање пласман, мора да се размислува од натпревар во натпревар.