Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски втор натпревар по ред е  стрелец за Лидс во Чемпионшип лигата.

Алиоски го постигна единствениот гол за Лидс во поразот од Милвол со 2-1. Популарниот Џани на почетокот на вториот дел се најде на вистинско место и ја смести топката во мрежата на домаќините, ама тој него погодок не беше доволен за поволен резултат на неговата екипа која од 14 минута играше исклучениот Берарди.

Во претходната рунда нашиот ас го постигна решавачкиот гол за победа над ВБА што значи во идеална форма доаѓа за дуелите на националниот тим против Словенија и Полска во квалификациите за ЕП.