Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски најверојатно од следната сезона ќе премине во редовите на Галатасарај и ќе го облече дресот на Турскиот гигант објавуваат речиси сите поважни медиуми во Турција.

Алиоски се решил на ваков чекор откако пропаднале преговорите со Лидс за продолжжување на договорот во кој Алиоски не бил задоволен од финансискиот дел.

Турскиот медиум„Фотомак“, повикувајќи се на свои извори во клубот, пишува дека Алијоски побарал од Галатасарај, договорот да биде објавен откако ќе заврши сезоната.

Алијоски стравувал од реакцијата на навивачите на Лидс, за кои Галатасарај е непријателски клуб. Омразата помеѓу навивачите на овие клубови трае од 2000 година, кога во Истанбул, пред дуелот на Галатасарај и Лидс во Купот на УЕФА, двајца англиски навивачи беа избодени до смрт.

Алијоски, од почетокот на сезоната, за Лидс, има одиграно 32 натпревари, постигнал два гола и забележал една асистенција.