Македонскиот репрезентативец, Алиоски верува дека Лидс оваа сезона може да постигне големи резултати.

Победата над Евертон минатиот викенд само ја потврдува формата на тимот кој предводен од Биелса оваа сезона е сериозен предизвик за сите во Премиер лигата.

„Играме прекрасен фудбал, можеби ќе имаме доволно вакви натпревари во иднина, креативни со висок интензитет. Со оваа енергија и овој тим, можеме многу да направиме. Веруваме во себе. Секојдневно напорно работиме за да напредуваме.Таа наша енергија е силата која ни носи самодоверба, исто како и против Евертон. Ова ние прва сезона во Премиер лигата, победуваме со нашето срце и сите настапи ги посветуваме на нашите навивачи.“ – изјави Алиоски.