Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски можно е ова лето да се пресели во Франција откако Олимпик Марсеј донел одлука да испрати понуда до Лидс за ангажман на левиот бек.

Според француските медиуми, Алиоски треба да преставува директна замена на Амави кој не ги оправдал очекувањата на управата а Андре Вилас Боаш дал зелено светло за ангажман на нашиот репрезентативец.

Дополнително олеснување за Олимпик Марсеј преставува цената од 4 милиони евра која ја бара Биелса за евентуална продажба на Алиоски.