Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски , беше стрелец на денешниот натпревар против Украина, кој Македонската репрезентација го загуби со 2-1.

Популарниот Џани , стрелаше од пенал , по втро обид откако првиот удар му го одбрани голманот на Украина , но тоа не беше доволно да извлечеме поволен резултат. Алиоски смета дека треба да играме како во вториот дел , и да не дозволиме грешки кои би не чинеле погодоци:

„Со Австрија не загубивме 3:1, сега против Украина сме поразени со 2:1 но мислам дека во првото полувреме требаше да бидеме поагресивни, да играме пресинг. Мислам дека како што игравме во второто полувреме, така требаше да играме од првата минута. Но, ова е фудбал и нема ништо лесно. За нас беше важно да дојдеме до бод, но не успеавме во целта. Имаме квалитет, но за жал не игравме добро од почеток“ – вели Езџијан Алиоски.