Македонскиот фудбалски репрезентативец, Алиоски игра одлична сезона за Лидс во Премиер лигата.

По најавата дека наскоро ќе добие нов договор, крилниот бек тврди дека засега нема ништо ново по однос на ова прашање.

„Се уште ништо не се случило. Тука сум, се разбира додека мојот договор не истече следната година. Не размислувам за заминување од Лидс. Мојата глава е фокусирана само на Лидс. На крајот што ќе се случи, ќе се случи. Се разбира дека би сакал да останам тука, но овие работи се за други луѓе да ги менаџираат. Јас сакам само да уживам во моментот тука. Сакам да бидам фокусиран само на фудбалот. За другите работи читам во медиумите, но се уште ништо не се случило. Уживам во фудбалот кој го играме во Премиерлигата, играме напаѓачки фудбал и тоа ми се допаѓа. Функционира како група. Другите тимови можеби имаат подобри индивидуалци, но ние почнавме како тим. Ние сме тимот кој е опасен и силен за другите.“ – изјави Алиоски.