Езџан Алиоски се осврна на прес конференцијата за ситуацијата со Марко Арнаутовиќ, цела Европа ја коментираше ситуацијата, нашиот репрезентативец со оценка на ситуацијата.

„Со Арнаутовиќ разменивме некои аргументи, проблемот беше што по постигнатиот гол на Арнаутовиќ гестикулираше навредливо. Не сакам да шпекулирам, снимки има, УЕФА може да види што се случи, на нив е да решат, ние се поздравивме по мечот, треба да се анализира видеото, да се уверат од УЕФА што тој направи и како го направи тоа, ова е некако нормално, на натпреварите се случуваат вакви работи“ – рече Алиоски