Голманот Алисон Бекер херој на Ливерпул со гол во 95-тата минута му донесе многу важна победа на својот клуб на дуелот против ВБА со 1-2.

Овој гол на Алисон може да биде клучен во битката за пласман во Лигата на шампионите, голманот се огласи со изјава која се прераскажува меѓу навивачите на Ливерпул.

„Едноставно необјасниво е, мислам како Господ  да ја стави својата рака на мојата глава. Се чувствувам благословено, овој гол е за моето семејство“, изјави Алисон за англиските медиуми.