Шпанскиот репрезентативец Тиаго Алкантара зборуваше за ситуацијата во светскиот фудбал и промените во него.
Одличниот играч за врска ја започна својата кариера во Барселона, потоа од 2013 до 2020 година го носеше дресот на Баерн, од каде се пресели во Ливерпул.

„Фудбалот се менува многу брзо, полесно е да се комуницира помеѓу играчите, но и од односот играч-тренер. Некои аспекти на играта се развиваат, но ми се чини дека натпреварувачкиот дух се губи. Сега тимовите можат да имаат пет измени, така што тоа значи дека тимот што се брани со притискање може да го прави тоа во текот на сите 90 минути. Мислам дека сум еден од оние кои го мразат модерниот фудбал. Имам прилично класичен поглед на тоа. И тогаш, тука е ВАР, на кој секогаш велев дека се спротивставувам. Тој ја исфрла суштината од фудбалот – изјави 30-годишниот Тијаго Алкантара за британски „Гардијан“ и додаде:

„Фудбалот ја губи својата магија и станува многу побрз и физички поинтензивен. Класичната десетка е практично изумрена. Нема повеќе потреба од дриблинг бидејќи сите трчаат многу повеќе. Од друга страна, играчите се многу понапредни во секоја смисла“ – изјави фудбалерот на Ливерпул, роден во Италија и игра за репрезентацијата на Шпанија.