Поранешниот двократен шампион во Формула 1 и еден од најдобрите возачи во историјата на спортот, Фернандо Алонсо ја коментираше ситуацијата и судирот од трката за Големата награда на Велика Британија.

Повеќето навивачи го обвинија Луис Хамилтон  за судирот, што го принуди Макс Верстапен да ја заврши трката. Заврши во болницата на лекарски прегледи, од каде исто така рече дека неговиот најголем ривал не покажал почит славејќи ја победата додека бил во болница.

Алонсо верува дека на многумина им е дозволено премногу. Својот став тој го даде во интервју за „Марка“.

„Отсекогаш сум бил фер возач, целата моја кариера. Мислам дека сум еден од ретките кој нема никаква дамка во неговата биографија. Искрено, се чувствувам малку како идиот затоа што ги почитувам правилата. Се обидовме да разговараме со водечките луѓе на спортот и организаторите на трките кога им укажавме на однесувањето на индивидуалните возачи, но тие никогаш не направија ништо. Затоа ќе престанам да зборувам за тоа што прават другите. Очигледно, тоа се исплати повеќе“ – рече Алонсо и додаде:

„Ако не можете да ги победите, придружете им се. Тактиката на која се свртев во првите трчања не вроди со плод. Сега разбирам дека единственото решение е да започнам да го работам она што го прават другите, немам друг избор. Очигледно некои работи се дозволени денес. Ова не е премин кон темната страна, ова е премин кон правилата со кои другите играат“ – заклучи легендарниот возач.