Селекцијата на Алжир со минималната победа над Сенегал од 1-0, си го трасираше патот и официјално стана дел од осминафиналето на овогодинешниот Афрички Куп на нации.

Уште од првото полувреме фудбалерите на Алжир ја најавуваа победата, но Сенегал со одличните одбрани на чуварот на мрежата одолеваше на нападите.

Единствениот погодок беше виден на стартот на второто полувреме, кога во 49-тата минута Белаили по асистенцијата на Фегули конечно ја смести топката во мрежата.

Алжир со максимални шест поени по одиграни два натпревари е првопласиран во групата, Сенегал останува на три поени, па својата шанса за пласман во осминафиналето ќе ја бара против Кенија во последното коло.