Трансферот на Тиаго а потоа и на Жота во Ливерпул дополнително ја разгоруваат ситуацијата со Чемберлејн кој не е во прв план на Клоп.

Повремениот репрезентативец на Англија можно е да го напушти „Енфилд“ и да се пресели во Вулверхемптон. Ова буквално ќе значи и „размена“ на играчи откако Ливерпул го купи Жота од редовите на „Волците“. Засега нема информации колку пари нуди Вулвс за крилниот плеј.

Чемберлејн по долгата пауза поради повреда се врати во ритам, но Клоп во неколку наврати покажа дека не го гледа како стандарден во почетниот тим.