Судејќи според вестите кои доаѓаат од Апенините, Интер ќе биде добро подготвен за следниот преоден рок.

Според „Кориере дело Сера“, два инвестициски фонда, Оактри Капитал Груп од Чикаго или Бејн Капитал од Бостон, се подготвени да вложат пари во клубот.

Се верува дека тој што ќе победи на трката ќе обезбеди околу 250 милиони долари во касата на Интер.

Претседателот Стивен Жанг наскоро се очекува да потпише спонзорски договор, но ќе видиме точно со кој од овие два фонда.

Според сите информации Жанг не сака да го продаде интер и неговата група Сунинг сака да остане сопственик на клубот.

Првата опција е да се земе заем од Американците, а втората е Оактри Капитал Груп да купи 31,5 проценти од акциите што сега ги држи „Лав Рок“ од Хонг Конг.

На тој начин тие би станале партнер на Сунинг, кој е мнозински сопственик на италијанскиот клуб од 2016 година, но има проблем со милионските долгови.