Агенцијата за млади и спорт поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски и актуелниот Мухамед Сејдини.

Исто така АМС поднесе кривична и против неколку членови на Управниот одбор на ФФМ, како и на претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини.

Според кривичната тие се пријавени за „Злосторничко здружување“,„Злоупотреба на службена должност и овластување“ и „Фалсификување на истрага“.

„Во периодот од 29.07.2012 година, Ѓорѓиоски, тогашен претседател на ФФМ, избран е на вонредно генерално собрание на кое е одржан и усвоен Предлог статут подготвен од работна група на ФИФА, УЕФА и ФФМ на незаконит начин. Тој при спроведување на истиот во Централен регистар наместо да го спроведе законски донесениот статут на Собранието на ФФМ врши незаконито променување на содржината на Статутот додавајќи го членот 37 со следниот текст:

Комисијата за верификација на регистрација на фудбалери и клубови во ФФМ – Редакциски одбор на Макфудбал ги верификува регистрирањата на клубовите и фудбалерите, фудбалерите во мал фудбал и фудбал за жени и ги објавува сите одлуки на органите на ФФМ. Таа комисија се состои претседавач, заменик претседавач и три члена кои во промената на членот 37 се менуваат еден број и се зголемуваат за плус еден член““, стои во пријавата поднесена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Единствено зачудува фактот дека Агенцијата за Млади и Спорт не го зема во предвид фактот дека актуелниот претседател на ФФМ Мухамед Сејдини не е ниту потпретседател ниту член на УО од 2012 година.Бурим Сејдини не извршува ниту една функција во ФФМ.