Менаџерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти посочи што очекува за утрешното дерби со Барселона во Ла Лига.

Популарното „Ел Класико“ доаѓа во вистинки момент за двата клуба кои се обидуваат да се вратат во полн ритам.

„Ако не се плашите, тогаш ќе отидете на лавот како да е мало маче, засега се е позитивно. Не велам дека треба  да се биде преплашен, секако дека во животот има пострашни работи од тоа да загубите натпревар. Им посакваум добредојде на Карвахал и на Азар кои се враќаат во тимот, Бензема исто така е фит. Барселона го нема Меси, но има многу добри играчи. Секој натпревар носи различни предизвици па и овој.“ – изјави Анчелоти.

Големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид на „Камп Ноу“ е закажано за денеска од 16:15 часот.