Одлука на Карло Анчелоти е причината поради која Еден Азар не се појавува на теренот во дресот на Реал Мадрид.

„Проблемот на Азар во моментов е тоа што неговиот тренер претпочита да се игра со другите играчи“- изјави Анчелоти на прес-конференцијата пред натпреварот со Осасуна.

„Ова е нормално за клуб како Реал Мадрид. Важно е самиот играч да биде мотивиран да се бори за своето место. И тој го прави тоа“- додаде италијанскиот специјалист.

Наскоро Анчелоти ќе го има и Герет Бејл, кој има зелено светло од медицинскиот персонал да продолжи со тренинзите следната недела. Велшанецот се очекува да биде во тимот за мечот со Рајо Ваљекано на 6 ноември.