Предводникот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти призна дека „Кралевите“ не се во посакуваниот ритам и проблемите со кои се соочиле на гостувањето кај Интер треба во брзо време да се надминат.

„Мора да бидеме внимателни во оваа група. Никој не очекуваше дека Шериф ќе победи. Ние и Интер сме двата фаворизирани тимови за пласман во елиминациите, имаме предност но мора да бидеме внимателно. Тешко ни беше во првото полувреме против Интер, тие играа со висок пресинг. Натпреварот беше балансиран, немаше многу загубени топки а Брозовиќ ни предизвика проблеми, но успеавме сето тоа да го изменаџираме.“ – вели Анчелоти.

Реал Мадрид во недела од 21 часот ќе и гостува на Валенсија во натпревар од 5 коло од Ла Лига.