Официјалното преставување на Елиф Елмас во Наполи е одложено за утре поради проблемите со пасошот на нашиот репрезентативец но тој денеска повторно беше во центарот на вниманието меѓу новинарите во Италија.

„Елмас е комплетен играч за врска, многу модерен и може да игра на повеќе позиции и покрај тоа што е многу млад. Тој може да игра лево, во средината дури и пред двајца плејмејкери. Фудбалот се менува, станува се потешко да се најде класичен играч за врска, или пак напаѓач кој ќе кружи околу пенал точката. Денешните играчи носат поинакви работи и затоа еволуцијата е брза. Елмас е модерен играч од средниот ред како што се Руиз и Зиелински кои можат да играат на повеќе позиции.“ – изјави Анчелоти.

На денешната пресконференција, Карло Анчелоти потврди дека е презадоволен од досегашната работа на трансфер пазарот и најави дека ќе мора да почекаме за да видиме дали Хамес Родригез ќе го засили неговиот тим.