Наполи го совлада лече со 4:1 а нашиот репрезентативец, Елиф Елмас одигра 75 минути во кои уште еднаш ги потврди квалитетите поради кои Анчелоти бараше да го има во својот тим.

Искусниот стратег беше задоволен од победата, од играта на Елмас и на Руиз а воедно потврди дека оваа година ќе има многу ротација во почетниот состав.

„Ова беше добар натрпевар, не беше перфектен затоа што правевме и грешки но можеме да се подобриме. Оваа група на играчи ми дава можност да бирам. Македонецот расне и мора да бидеме трпеливи. Елмас во првото полувреме беше многу подобар од тоа што го покажа во второто полувреме. Жолтиот картон го примора да внимава но беше корисен и доста интелегентен, среќни сме што го имаме.“ – изјави Анчелоти.

Тренерот на Наполи потврди дека Барселона била заинтересирана за Фабиан Руиз ова лето но плејмејкерот нема да го менува клубот барем не до следното лето.

Денеска мечот меѓу Наполи и Лече го следеше Ерик Абидал а се претпоставува дека неговото присуство е поради желбата на Барселона да го купи Кулибали иако се поврзува и евентуалниот трансфер на Руиз за што демант пристигна од Анчелоти.