Наполи се обиде но не успеа да врзе втора победа во Лигата на шампионите. По триумфот против Ливерпул во воведното коло, вечерва одигра само 0:0 на гостувањето кај Генк и тоа ги разочата навивачните.

Карло Анчелоти одлучи за овој натпревар да го одмори Инсиње и објасни дека за ова влијание има заморот кој го заприметил кај напаѓачот на последните два тренинзи.

„Одигравме добар натпревар, имавме неколку добри шанси но не ги искористивме. Во првото полувреме немавме среќа но тоа е тоа. Лозано и Милик добро соработуваа, Милик можеби можеше и да погоди и да биде попрецизен. По две кола освоивме 4 бода и сме во добра позиција за пласманот во следната фаза.“ – изјави Анчелоти.

Нашиот репрезентативец, Елиф Елмас одигра 58 минути на гостувањето во Белгија.