Реал Мадрид во новата сезона ќе игра офанзивен и допадлив фудбал, но за ова потребни се неколку засилувања, смета Анчелоти.

Новиот тренер на Реал Мадрид, сака во тимот да го донесе напаѓачот на Евертон и репрезентативец на Англија, Доминик Калверт-Луин, кој би бил конкуренција за Бензема.

Калверт-Луин е достапен за 50 милиони евра, а понудата од Реал Мадрид може да вклучи и играч.

Анчелоти добро ги познава квалитетите на 24 напаѓач кој под негово водство за „Карамелите“ постигна 21 гол.