Јувентус и Наполи го играат дербито во второто коло во Серија А, мечот се игра во Торино од 20-45 часот.

Тренерот на тимот од Неапол, Карло Анчелоти најави дека во Торино неговиот тим ќе игра офанзивно и без каклкулации.

„Натпреварот во Торино е тест за нашите амбиции сезонава во првенството, ќе играме напаѓачки и отворено без калкулации, екипата е подготвена за ова дерби, знаеме како треба во одбраната и нападот“ – изјави Анчелоти.

Според најавите, Елиф Елмас  и овој натпревар ќе го започне од клупата за резервни играчи, сепак се очекува да добие минутажа на дербито.