Карло Анчелоти тврди дека Наполи е подобар под неговото заминување од тимот на Неапол. Италјанецот во моментот е во својата родна земја, за за „Раи Уно“ проговори за времето во Наполи и новиот предизвик Евертон, тим кој го превзеде пред нешто повеќе од месец дена.“

„Работите почнаа да изгледаат подобро во Наполи. Во фудбалот вашата работа се цени преку резултатите, а тио во последниот период со Наполи не беа на потребното ниво.Спогодбено ја раскинавме соработката со клубот, и тоа беше вистинска одлука за двете страни. Наполи беше прекрасно искуство, запознав прекрасни играчи и луѓе кои запознав тука“-изјави Анчелоти.

Наполи во моментов е на осмата позиција во Серија А, и заостанува два бода зад  Верона на која е шеста, место кое носи пласман во Европа лигата наредната сезона. Наполи за 10.дена го очекува првиот меч од осминафиналниот дуел со Барселона во Лигата на шампиони.