Нема проблеми со Де Лаурентис, играчите веруваат во него но и во себе и време е тоа да го покажат на теренот  по трите меча без победа во Серија А, тврди Карло Анчелоти.

Сега на ред е дуелот со Салзбург во 4 коло од Лигата на шампионите. Тука Наполи е многу поконкретен но игра против екипата која во минатото коло од групата Е загуби дома од тимот на Елмас со 2:3 а одигра одлично.

„Утре имаме важен натпревар со желба да го завериме нашиот пласман во осминафиналето. Знаеме колку е тешко да се игра ротив Сазбург. Ако успемее да го задржиме интензитетот на високо ниво целиот меч мислам дека имаме големи шанси за победа.“ – изјави Анчелоти.

Наполи по три кола е лидер во Е конкуренцијата со две победи и едно реми со бод предност пред Ливерпул кој утре го дочекува Генк.