Наполи е во најголемата резултатска криза во последните неколку години а Карло Анчелоти е пред отказ.

Ова доаѓа по денешниот пораз од Болоња и продолжувањето на серијата без триумф во Серија А. За ова е свесен и тренерот на Наполи кој верува дека заедно со играчите можат да излезат од оваа криза.

„Во овој момент Наполи е тим кој не може да продолжи со пристапот кој го има во Лигата на шампионите. Овој момент е многу негативен а ситуацијата е деликатна, заедно мора да најдеме начин за да излеземе од оваа криза. Можеби е период но трае предолго. Се обидувам да видам што не е во ред како тренер имам голема одговорност и мора да најдам решение. Ако тимот ми помогне добро, во спротивно тие секако се пред мене. Имам доверба во тимот и во структурата но мора да излеземе од оваа ситуација“ – изјави Анчелоти.

Во следното коло Наполи и Елиф Елмас ќе му гостуваат на Удинезе и Илија Несторовски.