Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа со 6:1 славеа над Мајорка, а еден од јунаците на мечот беше стрелецот на хет трик Марко Асенсио. Одличната партија на шпанскиот репрезентативец, кој мачеше да најде константност во формата ја коментираше и тренерот на тимот, Карло Анчелоти.

Тоа беше прв хет трик за него во кариерата, а 25 годишниот играч не ги славеше погодоците, затоа што ги постигна против својот поранешен клуб.

„Асенсио многу добро се снаоѓа на позицијата на која беше против Мајорка- меѓу линиите. Тој тука може да му нанесе многу штета на противникот, одлично комбинира со напаѓачите, а има и одличен шут. Мислам дека тоа е негова позиција“– изјави 62 годишниот тренер.

Следниот меч Реал Мадрид го игра веќе во сабота, исто така во Ла Лига, кога на Сантијаго Бернабеу доаѓа Виљареал. После тоа им следи и мечот од Лигата на шампионите против молдавскиот Шериф, исто така на домашен терен.