Реал Мадрид синоќа не успеа да слави на Виљареал на свој терен во дербито од седмото коло на Ла Лига. Мечот заврши со резултат 0:0, а Карло Анчелоти тренрот на тимот од Мадрид, смета дека неговата екипа одиграла слабо.

„Беше ова далеку од нивото кое го очекувавме. Лоша вечер за нас. Најголем проблем ни беше да направиме шанси. Тактички одлично го поставија мечот и не успеавме да најдеме вистинско решение“- изјави Анчелоти.

Најголем проблем беше средниот дел од теренот.

„Ни фалеше агресивност кога имавме тројца играчи за врска. Беше за нијанса подобро во второто полувреме, но недоволно за победа“.

И покрај ремито, Реал е водечки во Примера со 17 бода. Имаат три повеќе и меч повеќе од втората Севиља. Атлетико е трет исто така со 14 бода, додека Сосиедад на четвртата позиција има 13, но и тие како и Севиља имаат меч помалку.