Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, призна дека во Англија му е полесно да работи отколку во Италија.

Во првенството на Англија полесно се дише. Не се работи за играта, туку за средината што те опкружува. Англичаните не се злопамтила. Во Италија на пример можат да те замразат само затоа што си го сменил клубот. Па така, еден човек може да седи зад клупата за резерви и сочно да те навредува во сите 90 минути. Во Англија тоа е незамисливо“, изјави Анчелоти за Corriere della Sera.

Во својата кариера Анчелоти ги водел екипите на Челзи и на Евертон во Англија, но и Реџина, Парма, Јувентус, Милан и Наполи во Италија.