Менаџерот на Евертон Карло Анчелоти говореше за неуспешната сезона која ја има зад себе неговиот некогашен клуб Јувентус, но не сакаше да го критикува тренерот Андреа Пирло, кој своевремено беше негов играч во текот на мандатот во Милан. Токму тие два клуба на 9-ти мај ќе го одлиграат меѓусебниот дуел кој може да биде клучен околу тоа кој ќе оди во Лигата на шампионите следната сезона.

„Во Италија е убава трката за местата кои водат во Лигата на шампионите, баш како овде кај нас во Англија“– кажа Анчелоти и додаде:

„Што се однесува до мечот меѓу Милан и Јувентус, се надевам дека на крајот подобриот тим ќе има место во првите четир, а исто така се надевам дека подобар ќе биде Милан. Јас соработував со Прило уште од деновите во Милан и не сакам да ги критикувам неговите резултати. Го сакам и нема да го осудувам“– изјави Анчелоти.