Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, ја коментираше борбата за титулата во Серија „А“.

Среќен сум што борбата за титулата допрва следи. Конечно имаме вистинска борба за првото место. Притоа, не мислам дека е тоа резултат на слабоста на Јувентус. Вистината е што Интер вложи многу во својот сегашен тим, а кај Лацио работите одат фантастично“, рече Анчелоти за Rai Un.

На табелата прв е Јувентус, со 57 бода, еден повеќе од Лацио и три од Интер.