Македонската женската фудбалска репрезентација со две победи против Казахстан ги заврши квалифкациите за ЕУРО, резултат кој најавува подобри денови за женската фудбалска репрезентација.

Наташа Андонова е среќна за резултатите остварени во овој циклус, секако е потребно многу да се работи за успех, но потенцираше дека раководството на ФФМ предводено од Мухамед Сједини вложи многу за женската репрезентација.

„Оваа победа (против Казахстан) ни знали многу, како да сме влегле на ЕУРО, ова е чекор плус за нас, за женскиот фудбал, бевме три години во мирување, со овој претседател се сменија работите на поубаво, тој сака само успеси“ – изјави Андонова за утрински брифинг на Слободен печат.