Македонскиот тренер Влатко Андоновски имаше успешно деби како селектор на светскиот првак во женска конкуренција, селекцијата на САД. Американките на пријателски меч во Колумус славеја над Шведса со 3-2.

Андоновски пред неполн месец ја презема американската селекција и тргна победнички, откако двапати беше избран за најдобар тренер во САД во женски фудбал.

Возбудливо, забавно ,уживав во секоја секунда. Уживав во секој тренинг, уживав во гледањето на видеа, на интеракцијата со фудбалерките, со стручниот штаб, со секој посебно од нив. Ова е е едно поинакво ниво. Горд сум на моите фудбалерки кои покажаа за какви професионалки се работи“- рече Андоновски.

Македонскиот тренер, кој во 2000 година ја напушти Македонија и се пресели во САД каде долги години го градеше своето реноме како тренер.