Португалскиот интернационалец Андре Гомеш и во наредната сезона ќе настапува за Евертон, откако англискиот клуб и Барселона договорија откупна цена од 22 милиони фунти.

Гомеш со „карамелите“ потпиша договор до 2024-та година, а во летото интерес за него пројави и Вест Хем, но нивните понуди беа одбиени од страна на каталонскиот клуб.

Португалецот минатата сезона за Евертон забележа 29 настапи.