Работнички утре на теренот на Македонија ЃП ќе се обиде да ја прекине низата без победа во домашното фудбалско првенство.

„Романтичарите“ гостуваат кај тимот кој во минатото коло ремизираше со Борец а последен пат триумфираше во ПМФЛ против Струга ТЛ на 29 септември.

„Паузата ја искористивме за да исправиме дел од грешките и подготвено го очекуваме продолжението од првенството. Се надеваме на многу подобри игри и резултати во следниот период. Посакуваме позитивната низа да стартува од утрешниот натпревар во Ѓорче Петров. Но, нема да биде лесно, бидејќи Македонија ЃП е квалитетен состав и посебно добро игра пред сопствените гледачи.“ –  изјави Марјанчо Андрески за клупскиот стајт на ФК Работнички.

Со натрпеварот меѓу Македонија ЃП и Работнички утре ќе започне 15 коло во ПМФЛ, останатите четири натпревари се закажани за во недела.