По пет години, Андреј Шевченко ќе ја напушти функцијата селектор на Украина, по најдобриот резултат во историјата на националниот тим на неодамна одржаното Европско првенство. Шевченко се повлече откако неговиот договор истече на последниот ден од јули, а од сојузот не пристигна понуда за продолжување.

„Поминав пет години во служба на мојата земја. Докажавме дека можеме да играме модерен фудбал. Благодарен сум на претседателот на Федерацијата и членовите на Извршниот комитет што имав можност да го водам најдобриот тим во Украина. Благодарение на секој репрезентативец, секој член на стручниот штаб кој помогна и беше вклучен во резултатите во последните пет години – напиша Шевченко во прошталната порака.

Во летото 2016 година, Шевченко ја презеде репрезентацијата на Украина по Михаил Фоменко и го доведе до 52 натпревари. Тој постигна 25 победи и 13 нерешени и 14 порази. Неговиот последен натпревар на клупата на Украина беше четвртфиналето на Европското првенство против Англија, кое убедливо ги совлада со 4-0.