Македонскиот фудбалски репрезентативец Ели Елмас треба да потпише петгодишен договор и во текот на следната седмица со екипата на Наполи.
Фенербахче и италијанскиот фудбалски тим речиси сите детали ги договорија за трансферот.Го потврди тоа и тренерот на екипата Карло Анчелоти.
„Многу сме блиску и се надевам дека тоа ќе оди брзо. Тој е многу интересен профил на играч, голем талент. Се дефинираат последните детали. Се надевам дека ќе пристигне пред да се вратиме од Димаро“, изјави Карло Анчелоти.
Димаро е местото каде во моментот италијанскиот тим е на подготовки.
Be the first to write a comment.