Македонскиот селектор Игор Ангеловски во опширно интервју за полските медиуми истакна дека Македонија може да направи чудо на претстојното Европско првенство доколку состојбата со коронавирусот дозволи публика на стадионите.

Воопшто не ме интересира тоа што нас нѐ ставаат во кругот на најслбите селекции.Сонувам да ја поминеме групата и никој не може да каже дека немаме шанса. Би сакал само да се смени оваа ситуација со коронавирусот, за да може да играме во Букурешт пред публика. Ако тоа се случи, романската престолнина ќе биде обоена во црвено-жолто, а со нашите навивачи на трибина, моите момци може да направат чуда!“, изјави Ангеловски во опширното интервју за полски „Супер Експрес“.

Ангеловски напомена дека неговиот договор на чело на рпрезентацијата истекува и оти очекува продолжување на соработката.

Мојот договор завршува на крајот на годинава. Сите знаат дека сакам да го водам овој тим на Европското првенство. Досега, никој не разговарам со мене дали ќе останам на позицијата и што ќе се случува понатаму. Сега е на другите да го направат следниот чекор“, наведе  Ангеловски.

Навраќајќи се на почетоците на селекткорското место, Ангеловски истакна дека напредокот е евидентен.

Уште на првиот ден од мојата работа со репрезентацијата, реков дека целта на Македонија ќе биде да се пласира на ЕУРО 2020. Тогаш националниот тим беше на далечната 106-та позиција на ранг-листата на ФИФА и имаше слаби резултати во квалификациските рунди . Многу нешта се сменија на подобро за овие пет години. Направивме голем скок затоа што сега сме 65-ти на светската ранг листа. Си поставив таква задача и верував дека ќе биде успешна. И ова и покрај фактот што ниту општеството ниту ФФМ не го бараа тоа од мене. Знаев дека Македонија има многу добри играчи. Верував дека ќе можам да изградам доволно силен тим кој по пет години соработка ќе се пласира ЕП“. наведе Ангеловски.

 

Тој истакна дека клучно за пласманот на Европското било репрзентацијата да има лидер во тимот за што клучно било враќањето во репрезентацијата на Горан Пандев.

Првиот ден како селектор го поминав во Џенова. Го посетив Горан Пандев, кој веќе две години не играше за националниот тим, бидејќи не беше во можност да се помири со некои работи што се случуваа во нашата федерација. Му реков кои се моите идеи и планови за работа. Го убедив. Пандев реши да се врати во националниот тим. Во тој момент, бев уште пооптимист дека ќе ја постигнам целта што си ја поставив на почетокот. Знаев дека најдов лидер да го води тимот. Ни требаше играч од овој формат, капитен со такво искуство. Пандев сонуваше и за промоција на ЕУРО и турнир. Затоа сум двојно среќен што нашиот капитен го исполни она за што сонуваше. Дотолку повеќе што токму тој го постигна голот против Грузија кој не однесе на ЕП. И сега Пандев ќе има можност да игра на завршницата“, наведе Ангеловски.