Македонија ќе се бори со Косово на „Тодор Проески“ во март за пласман во финалето од Лигата Д во Лигата на нации на УЕФА. Со евентуалната победа во полуфинале ќе ја очекува гостински предизвик во Грузија или во Белорусија.

Ова го донесе денешната ждрепка во Нион на кој беа извлечени потенцијалните домаќини на финалињата од четирите лиги.

„Ждерепката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени. А, што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари.” – изјави селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.

Полуфиналето меѓу Македонија и Косово ќе се игра на „Тодор Проески“ во Скопје на 26 март следната година а финалето е закажано за 31 март на теренот од победникот меѓу Грузија и Белорусија.