Македонија вечерва на „Тодор Проески“ го дочекува Косово во натпревар без публика во полуфиналето од Лигата на нации.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски  пред натпреварот изјави дека се е подготовено за добар резултат, овој момент го чекавме долго, не смееме да ја испуштиме оваа шанса.

„Свесни сме за се она што го направивме изминативе години, и самите се изборивме да се бориме за пласман на ЕП. За нас тоа не е притисок, напротив уживаме во ова и ќе се обидеме да го извадиме најдоброто од себе. Ние се концентрираме на нашата игра, така ќе биде и овој пат.Ова е прв бараж за Македонија по 30 години независност, верувам дека нема да биде последен. Со се` што направивме досега, се надевам дека таа долгогодишна работа ќе ја крунисаме со победа.“ – објасни Ангеловски.