Македонија утре против Холандија на „Јохан Кројф“ арената го завршува дебитантскиот настап на ЕУРО.

По двата порази од Австрија и Украина, сега се надеваме на бодови против фаворитот Холандија, тие се веќе во осминафиналето како први од нашата група.

Селекторот Игор Ангеловски смета дека натпреварот утре е шанса за дојдеме до први бодови, достојно да го завршиме континеталниот шампионат.

„Знаеме со кого играме, Холандија е главен фаворит, да ги повториме добрите моменти од меот со Украина,  и се надевам на бодови. Играме против селекција која се бори секогаш за европски шампион, и со максимум да покажеме квалитет“-рече на прес конференцијата Ангеловски.

Дуелот меѓу Македонија и Холандија утре се игра од 18 часот.